Смртноста на патиштата во ЕУ e намалена – но само за 1 отсто!

ОБЈАВЕНО НА:

Бројката на загинати лица на патиштата низ земјите во Европската унија е намален за само еден процент во текот на минатата година, и за 4% во однос на последните пет години. Ова го покажува годишниот извештај на Европскиот совет за безбедност за транспорт (ETSC) за индексот за безбедност на движењето по патиштата, кој беше претставен на Меѓународната конференција „Побезбедни патишта, побезбедни градови“, која се спроведува во Брисел.

Незадоволителното темпо на намалување на негативната статистика во Заедницата е меѓу причините за Европската комисија да развие стратегиска рамка за политиката за безбедност на патиштата во периодот од 2021 до 2030 година. Работниот документ кој нема обврзувачки карактер дава конкретни упатства, вклучувајќи и збир на клучни показатели за извршување од земјите членки на Европската унија. Тука се работи за редица аспекти вклучувајќи намалување на случаите за зголемена брзина, возење под дејство на алкохол или расејување на патот поради разни надворешни фактори.

Смртните случаи и повреди на патиштата во Европската унија сè уште се неприфатливо високи, а секоја недела се регистрираат околу 500 нови случаи што е еднакво на три паднати авиони Boeing 737 секоја недела без преживеани.

За време на состанокот беше објавено дека Ирска е носител на наградата за оваа година на ETSC. Наградата се доделува на европската земја која демонстрирала континуиран напредок во областа на безбедноста на патиштата заедно со стратешкиот пристап за справување со проблемот. Ирска ги намалила годишните смртни случаи за повеќе од 30 проценти од 2010 година. За споредба смртните случаи се зголемија во други релативно безбедни земји во истиот период, а тука се и Шведска и Холандија.

Според ETSC резултатите на Ирска се условени од составањето на единствена владина агенција за безбедност на патиштата, разработувањето на долг стратешки план за намалување на смртните случаи на патиштата со конкретни цели, подложени на постојана оценка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK