Ако сте заборавиле да ја смените: Како брзо да се одмрзне летната течност за бришачи

ОБЈАВЕНО НА:

На многу од возачите на автомобили им се случувало да заборават да ја сменат летната течност за бришачи со зимска и таа да замрзне во резервоарот. Има различни методи за истата да биде одмрзната, но сите бараат многу време. Затоа е добро да се потсетите на најелементарниот и најбрз таков метод.

Според експертите најбрзата опција е со фен. Тоа е прилично едноставна и брза постапка за извршување. Наоѓањето на фен не е тешко особено ако возачот е женет човек. Наоѓањето на електричен контакт исто така не е проблем, веројатно ќе ви биде потребен само продолжен кабел.

Уште подобро е кога автомобилот има инвертор, кој конвертира 12V во 220V (многу корисна опција, но за жал интегрирана во малку модели на автомобили). Има и друг начин да си купите мал фен, кој може да добива енергија од запалката во автомобилот.

Во сите случаи процесот на одмрзнување на резервоарот, цевките и млазниците со фен ќе трае не повеќе од 15 минути. После ова ќе биде неопходно да се исцеди целата летна течност и да се наполни со зимска, која ќе помине низ целиот систем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK