За овој мотор производителот дава гаранција од 1 милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот дистрибутер на кинеските автомобили Chery објави информација дека за моторите на овие возила ќе важи гаранција од 1.000.000 километри. Гарантниот рок за самите возила и понатаму останува 5 години или 150.000 километри.

„Сакаме нашите клиенти да бидат задоволни и да имаат доверба во нас. Сакаме да им ставиме до знаење дека работата на моторите е сигурна и нема да има никакви проблеми до 1 милион километри.

Во случај, до достигнувањето на таква километража сопственикот да се соочи со некакви проблеми со моторот, ние ќе ги подмириме сите трошоци за ремонтот, а доколку е неопходно и ќе го замениме со нов“, вели дирекорот на „Чери автомобили Рус“, Генадиј Павлов.

Првиот модел за кој ќе ваши оваа гаранциска програма ќе стане бестселер на брендот Chery Tiggo 3. Кросоверот е опремен со мотор Acteco од серијата SQRE4G16, кој е сметан за исклучително надежен од страна на механичарите. Моторот има атмосферско полнење, ланец под агол и систем за промена на фазите на дистрибуција и должина на влезниот тракт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK