Suzuki со ново Alto

ОБЈАВЕНО НА:

Подружницата на Suzuki Motor Corporation, Maruti Suzuki, го започна пазарното лансирање на целосно новата генерација на својот хит модел Alto во Индија. Неизвесно е дали моделот воопшто ќе дојде во Европа, и повеќе од сигурно е дека ќе биде наменето за индискиот пазар.

Новата генерација на компактниот модел е долга 3.530 мм., широка 1.490 мм. и висока 1.520 мм., а еднолитарскиот бензински мотор на автомобилот може да се спои со 5-брзински мануелен или автоматски менувач.

Во врска со дизајнот на новиот Alto, Suzuki вели дека благодарение на неговиот почист стил, автомобилот ќе биде попривлечен за поголема група на потрошувачи, но сепак истакнува дека главни клиенти ќе бидат оние кои го бараат својот прв автомобил или сакаат да додадат втор во нивната гаража.

Историјата на Alto на индискиот пазар започна во 1983 година со лансирањето на првиот автомобил на Maruti Suzuki – Maruti 800, а продажбата на неговите наследници до денес (до јули 2022 година) во Индија е на ниво од 7.000.000 единици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK