Се воведува бројот 112 и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Од 11 февруари 2022 година во Македонија ќе почне да функционира Европскиот број за итни повици Е-112. Првично беше планирано профункционирањето да почне со 31 декмеври, но истиот ќе биде поместен за февруари, и тоа ден пред прославата на  „Денот на 112“ на ниво на Европа.

Во иднина кога ќе имате потреба од итна помош, за најразлична ситуација наместо да се јавувате на некој од досегашните броеви, се ќе биде насочено кон 112. Но, во почетна фаза ќе продолжи да функционира во почетна фаза ќе бидат во функција сите досегашни броеви 192, 193, 194.

Овој број 112 функционира на територијата на цела Европа, и ќе може да добие дури иако немате кредит на мобилниот телефон. Истото ќе бид еи во Македонија.

Секој повик ќе биде лоциран преку локатор за полесно утврдување каде е потребно. Во исто време податоците ги гледаат сите потребни служби. На пример ако има сообраќајка на пат, има повредени, заглавени патници, … откако некој ќе се јави на бројот 112, операторот веднаш дава сигнал до потребните служби и истовремено се упатува и брз апомош, полиција и пожарникари.

Сите повици ќе бидат снимени, со цел да се избегнат злоупотребите. Првично седиштетот на 112 ќе биде во Скопје, а со тек на време ќе се отворат канцеларии и во Велес, Штип, Струмица, Битола, Куманово..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK