Прва фотографија од внатрешноста на новата Кia

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Kia беше објавена првата фотографија од дизајнот на ентериерот на најраскошниот модел на седанот К900 кој е од следната генерација. Возилото првично ќе се продава преку океанот, а на некои од пазарите ќе го носи името Quoris.

Новиот Kia K900 ќе има табла со 12,3 инчен сензорен дисплеј и мултимедиски систем од новата генерација. Кабината ќе има елементи од дрво и од кожа.

Автомобилот ќе користи умен систем за осветлување на ентериерот, а ќе реагира на движењето и ќе го осветлува тој дел од централната конзола кон кој возачот ќе ја придвижува својата рака.

Возилото е создадено во главниот оддел на компанијата во Намјанг во Кореја и во дизајнерското студио во Калифорнија. Техничките детали за новиот седан на Kia ќе останат скриени до официјалната промоција, која е закажана за 28 март на саемот во Њујорк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK