Електромобилот на Porsche до стотка за 3,5 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Користејќи го профилот на социјалната мрежа Инстаграм, англискиот дел од Porsche распространи фотографија од тестирањата на целосно новиот и прв во историјата на брендот, целосно електричниот модел Taycan.

Само по себе, презентацијата е спроведена и со краток текст во кој од компанијата потврдуваат дел од динамичните показатели, со кои може да се пофали прототипната верзија на електромобилот.

Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,5 секунди.

Спортскиот електромобил ќе предложи можност за неколку последователни оптимално брзи лансирни контроли (launch control) без никакво намалување на параметрите и реакција на возилото. Во исто време, слободниот опсег на возилото ќе биде над 480 километри.

Електричното Porsche Taycan ќе биде пуштено во производство следната година, а ќе располага со два електромотори со моќност од над 600 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK