Електричен велосипед со автономија до 80 километри (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот електричен велосипед АDО А20 имa преклопен дизајн и лесна алуминиумска рамка. Капацитетот на велосипедот е до 120 килограми. А20 се напојува од електричен мотор со моќност од 350 W (0.47 коњски сили). Моторот е способен да развива брзина до 35 км/ч, но оптималната брзина е 25 км/ч. Километражата со едно полнење на батеријата (10.4 Аh) e 80 км. Врeмeтo, кое е неопходно за полнење на батеријата е од 4 до 6 часа.

Силната, но лесна алуминиумска рамка е 40% полесна од сличните велосипеди изработени од јаглероден челик. Системот за управувње обезбедува три режими на движење. Рамката е опремена со држач за паметен телефон. Предната вилушка има хидрауличен амортизер.

Двобојниот LCD дисплеј, вграден во системот за управувње му обезбедува на корисникот информација за брзината, престанато полнење на батеријата, изминаторастојание и други параметри. Електричниот велосипед АDО А20 ce прoдaвa во црно и бело.

За корисниците од Европа компанијата има три сервис центри во Обединетото кралство, Полска и Германија. Има пет години гаранција на рамката и една година на основните модули. Електричното тркало е со цена од 899 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK