Произведен последниот примерок од BMW i8

ОБЈАВЕНО НА:

По шест години активно производство, BMW го произведе последниот примерок од моделот i8. Германскиот производител преку соопштение се рости од последниот примерок од овој модел, произведен во Лајпциг во препознатливата за моделот Portimao Blau боја.

Производството на овој модел започна во 2014 година во Лајпциг откако претходно, во 2011, 2012 и 2013 година беа претставени три концепти како предвесници на овој електричен автомобил.

Автомобилот го придвижува 1,5 литарски бензински мотор и електричен мотор кои заедно продуцираат максимални 374 КС. Според техничките карактеристики, до стотка овој модел забрзува за само 4,4 секунди, додека пак максималната брзина која ја постигнува изнесува 250 км/ч.

Инаку во декември минатата година, компанијата го произведе јубилејниот 20 илјадити примерок од овој модел. Како “духовен” наследник, на M1, засега нема информации дали германскиот производител ќе се лансира нов модел, наследник на i8.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK