Претставен продолжениот Peugeot 508

ОБЈАВЕНО НА:

На овогодинешниот саем за автомобили во Женева, Peugeot ја лансираше новата генерација на 508. Веднаш по премиерата овој автомобил несомнено го привлече вниманието на светската јавност, а со овој модел Peugeot ќе го напаѓа врвот на овој сегмент на автомобили во Европа.

Со цел да конкурира на кинескиот пазар, францускиот производител на актуелниот саем во Гуангжу ја претстави продолжената изведба на овој модел.

Така во однос на базичниот модел, продолжението е за 55 мм подолг, па така сега меѓуоскиното растојание изнесува 2.848 мм што овозможува поголема комфорност за патниците, особено оние на задната клупа. Вкупната должина е нарасната за 100 мм и сега изнесува 4.856 мм.

Peugeot 508L

Производството на овој модел во Кина, Peugeot ќе го спроведува во соработка со Dongfend, кинеска компанија со која францускиот производител имаат основано заедничка компанија за настап на овој пазар. Според пишувањата производдството се очекува да започне во првиот квартал следната година.

Во Кина голема популарност имаат големите, долги автомобили па токму тоа е причината зошто бројни производители за овој пазар нудат подолги автомобили. Всушност за барањата на кинескиот пазар многу производители како BMW, Audi, Mercedes, Jeep, Land Rover, Volvo лансираа големи SUV возила, па со цел да остане во чекор со конкуренцијата тоа сега го направи и Peugeot.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK