Предлог во Србија: Ако си совесен возач нема да добиеш казна

ОБЈАВЕНО НА:

Репресивните мерки и казните го полнат буџетот на секоја земја, а особено во сообраќајот се прават многу прекршоци за кои возачите се сакнционираат парично. Но, освен казните, еден од начините да се намалт прекршоците е и да се влијае „едукативно„ па и да се изрече само предупредување за да не се случи повторно.
Кај нашиот северн сосед Србија во подготовка е нов Закон за безбедност во сообраќајот кој предвидува и една новина. Може да ви биде „прогледано низ прсти“ ако направите прекршок, но притоа сте совесен возач.

„Овластено службено лице во директна контрола на сообраќајот може да изрече опомена на учесник во сообраќајот, односно да одбие да постапува одредени прекршоци за кои е пропишана глоба во фиксна сума, доколку лицето кое сторило таков прекршок не е евидентирано како сторител на безбедносен прекршок во претходните две години сообраќај на патиштата. Горенаведеното ќе се однесува на полесни прекршоци кои директно не ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, изјавил Славиша Лакичевиќ, началник на Управата за сообраќајна полиција за српските медиуми.

Добра вест за српските возачи, но лоша за странските бидејќи овој предлог доколку се усвои сепак нема да важи за оние што ќе направат прекшок а не се државјани на Србија.

Лани имало 1.350.000 сообраќајни прекршоци во Србија, што е најголем број на откриени прекршоци откако е донесен актуелниот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK