Сите возила на Rolls-Royce Cullinan се повлекуваат од САД

ОБЈАВЕНО НА:

NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) објави, а BMW America потврди дека од Северна Америка ќе бидат повлечени сите автомобили од моделот Cullinan.

NHTSA како главна причина за повлекувањето ја наведува тоа што задните светла не ги исполнуваат бараните стандарди, поточно истите не се доволно светли односно сјајни. Тоа може да предизвика и сообраќајка и нарушување на безбедноста на другите возачи, се наведува во соопштението.

При тоа ќе бидат повлечени 454 автомобили кои се произведени помеѓу 1 декември 2018 и 18 јули 2019 година.

Сите сопственици на овие модели ќе бидат известени поштенски, а сите санацијата на проблемот ќе се случи во авторизираните сервисни центри во САД. Трошокот ќе го покрие Rolls-Royce.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK