Познати цените на Mercedes AMG GT 4 во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку месеци по премиерата на саемот за автомобили во Женева, Mercedes го објави официјалниот ценовник за новиот модел GT 4D coupe. Веќе може да се нарача овој модел во официјалните дилерски претставништва на производителот во Германија и остаатите земји од Европската Унија и истиот е понуден во две изведби, GT 63 4Matic+ и GT 63 S 4Matic+.

Почетната цена за основниот модел , GT 63 4Matic+, изнесува 150.119 евра и истиот до 100 км/ч. ќе може да забрза за 3.4 секунди. Под хаубата располага со 4.0 литарски V8 мотор кој продуцира 577 КС, а опремен е и со девет степен автоматски менувач.

Цената на помоќната и поопремената изведба GT 63 S 4Matic+ почнува од 1667.017 евра. Оваа изведба располага со 630 КС и до стотка забрзува за 3.2 секунди додека пак максималанта брзина која може да ја постигне изнесува 315 км/ч.

Сите овие цени се однесуваат за германскиот пазар каде во салоните овој модел ќе пристигне оваа есен.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK