Поднесена тужба против FCA за манипулација

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobili неколку денови по спојувањето со PSA Групацијата и формирањето на новата компанија Stellantis, доби тужба на своја адреса.

Повеќето италијански весници, меѓу кој и Il Manifesto, пишува дека тужбата се поднесува поради производството на заштитни маски за лице со недоволна заштита. За потсетување, минатата година поради тешката состојба со пандемијата на коронавирусот во Италија, дел од погоните на FCA беа пренаменети за прозиводство на заштитни маски.

Независниот синдикат, UsB примероци од маските ги достави на анализа при што било утврдено дека не одговараат во целост на намената за која се продаваат. При тоа, производителот испорачувал голем дел од маските кои не ги исполнувале техничките барања што претставува сериозен прекршок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK