НАЈАВА: Dacia Sandero ќе биде најевтиниот електричен автомобил во класата

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на Dacia Sandero ќе биде првиот електричен автомобил на компанијата кој ветува најдобра вредност во својата класа, вели од Dacia. По успешното лансирање на електричното возило Dacia Spring EV во Европа во 2021 година (околу 120.000 примероци продадени во регионот до денес), романската компанија го пренасочува својот фокус на електрификација на постојните модели на компанијата..

Извршниот директор на Dacia, Денис Ле Вот, рече дека новата четврта генерација на Sandero ќе пристигне во „2027 или 2028 година, и ќе биде на пазарот до 2034 или 2035 година“ и ќе биде евтин предводник на компанијата.

Шефот за продажба и маркетинг Ксавиер Мартин рече дека иако Dacia ќе влезе во C-сегментот со три нови, поголеми модели во следните три години, нема да се откаже од Sandero.

За да ја задржи позицијата на лидер на пазарот во овој сегмент, Sandero „ќе се електрифицира што е можно поекономично“.

Денис Ле Вот го изјави следново: „Ќе се обложиме на пократок опсег и подолго време на полнење во споредба со електричните конкуренти во сегментот Б, бидејќи сакаме пониска цена за клиентите“.

Откако новиот Duster ќе биде пуштен во продажба во 2024 година, секој автомобил на Dacia (освен Spring) ќе се базира на CMF-B платформата на Renault Group, а електричните возила ќе го следат примерот, префрлајќи се на блискиот електричен еквивалент CMF-BEV. Тоа значи дека електричниот Sandero ќе биде аналог на новиот Renault 5.

Топ-менаџерот, исто така, спомна дека просечниот купувач на Spring вози околу 16 км. дневно, што значи дека не секому му требаат големи батерии: „Ако сега повторно го правиме Spring, би ја преполовиле батеријата“.

Според него, Dacia нема да се фокусира на „досег од 500-600 километри и 20 минути за полнење“. Тој додаде дека компанијата исто така истражува начини да ја направи хемијата на батериите што е можно поевтина. Можеби батеријата ќе биде базирана на натриум. Некои тврдат дека натриумовите батерии не се многу добри бидејќи не складираат многу енергија и се тешки. Но, тие се евтини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK