Македонски стар-ап го направи првото елегантно сако за мотоциклисти во светот (Фото/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Првите примероци се веќе испорачани кај клиентите, а месецов ќе биде и светската промоција на EICMA - најголемиот мото саем во светот кој се одржува во Милано, Италија од 23-28 ноември

Македонскка стар-ап компанија која доби инвестиција од 100.000 евра од X Factor Акцелераторот го направи првото елегантно сако за мотоциклист, што ќе биде промовирано на крајот од месецот. Брумел компанијата е основана од страна на Нино Карас и Нина Левиќ, со седиште во Скопје, а имаат свои претставништва во Скопје и Њу Џерси, САД.

Визијата на тимот е да направи опрема за мотоциклисти која ќе пружи максимална сигурност и заштита на возачот, а во исто време и елегантен изглед. И тие го направија тоа.

Брумел сакото е совршено дизајнирано парче опрема, кое изгледа како сако однадвор, а одвнатре ја има потребната заштита и перформанси на моторџиска јакна. Оваа високо иновативна заштитна опрема го задоволува и деловниот изглед и заштитата, истовремено обезбедувајќи целосна удобност при возењето.

Тргнувајќи од личен проблем, при изработка на сакото во фокусот биле изгледот, заштитата и удобноста при возење.
Сакото е изработено со материјали отпорни на абразија и инкорпорира CE Level 2 штитници за рамена, лакти и грб. На овој начин сакото е отпорно на кинење при лизгање на асфалт и вооедно го штити возачот од фрактури и несакани повреди.

Сакото е дизајнирано за комфорт при возење на мотор и вклучува посебни фалти на рамената за максимална удобност при возењето, систем за вентилација со цел одржување на пријатна температура и околувратник отпорен на ветер кој го штити градниот кош. А за да го постигне тој елегантен надворешен изглед, Брумел врвни материјали што може да се најдат кај модерните сакоа од висока класа, со бои кои вклучуваат црна и карирана варијанта.

Првото елегантно сако за мотоциклисти

Македонскка стар-ап компанија која доби инвестиција од 100.000 долари од X Factor Акцелераторот го направи првото елегантно сако за мотоциклист, што ќе биде промовирано на крајот од месецот. Брумел компанијата е основана од страна на Нино Карас и Нина Левиќ, со седиште во Скопје, а имаат свои претставништва во Скопје и Њу Џерси, САД.

Првите нарачки се веќе испорачани во повеќе држави низ целиот свет, а мисијата на тимот на Брумел е да стане првиот светски бренд со елегантна опрема за мотоциклисти. Во таа насока, веќе се размислува и за проширување на миксот производи наменети за овој атрактивен пазарен сегмент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK