По Range Rover Evoque ќе се „вртат“ и Македонците (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија не заостанува зад Европа, барем кога ево прашање Range Rover. Во исто време кога во соседните земји беше промовиран новиот модел Evoque истиот стигна и кај нас. Втората генерација на овј луксузен компактен SUV, создаден за градот и надвор од него отсега е достапна и за македонските купувачи.

Evoque e во чекор со новото време, дизајниран е да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментоти асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover.

Тоа своевремено беше првиот мал компактен СУВ на пазарот, а купувачите ги привлече со заводливиот изглед и тоа подеднакво и мажите и жените. За седум години од неговат апојава досега с епродадени над 770.000 возила. Наследникот има цел што треба да ја постигне, и да ја продолжи традицијата на брендот.

Evoque е создаден за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен SUV. Со раскошни природни материјали вовнатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност. Втората генерација е дизјанерски слична со досегашниот модел, со неколку стилски додатоци од поголемиот брат – Velar.

Новиот Evoque, како и сите возила на Land Rover, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.

За повеќе информации за новиот RangeRoverEvoque посетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com