LADA има нов шеф дизајнер

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Lada објавија дека од 1 јануари 2021, Жан Филип Салар ќе ја преземе улогата на потпретседател и директор на Lada Design. Од руската компанија објавуваат дека вршителот на должнот во последните девет години, Стив Матин донел решение да повлече од компанијата од лични причини.

Жан-Филип Салар (роден во 1973 година) доаѓа во АВТОВАЗ од позицијата дизајн-директор на Groupe Renault за Источна Европа. Тој ја извршува оваа позиција во последните пет години, а во ова време го раководи развојот на дизајнот за целата понуда на Dacia, како и на моделот Arkana за Русија.

Пред тоа во периодот 2013-2015 година, Салар е дизајн директор на Renault Samsung Motors во Кореја, а во периодот 2008-2013 е дизајн раководител на Renault Design Center Mumbai во Индија.

„Стив успешно ја водеше екипата на LADA Design. Тој беше целосно посветен на обновувањето на дизајнот на Lada во период од девет години и има силен допринос за силното обновување на моделната линија на Lada. Му благодарам за сите сериозни постигнувања и сум среќен што Стив при мојот предлог да продолжи со својата врска со Автоваз како советник“, вели Ив Каракацанис, претседател на Автоваз.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK