Купил Honda RC30 vo 1990 за 9.000 – сега ја продал за 77.0000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Примерок од мотоциклот Honda VFR750R RC30 е продаден во Велика Британија за рекордна сума што покажува дека колекционерите даваат пари и з амоторцикли, а не само за автомобили.

Мотоциклот е во сопственост на приватен колекционер од денот кога е произведен во 1990 година, и никогаш не бил регистриран. Бил „возел“ само два километри што го потврдува и состојбата на моторциклот и фотографиите. Кога била нова, Honda RC30 чинеше околу 9.000 евра, но новиот сопственик издвоил околу 77.000 евра.

Мотоциклот бил увезен во Италија од Јапонија, каде што беше дел од колекцијата David Silver Honda Collection до 2017 година. Сега се продавала во совршена состојба на аукција, а купувачот ја добил оригиналната документација, опрема и алат.

Honda произвела меѓу 3.000 и 5.000 примероци од овој модел, а во периодот од 1987 до 1990 година, RC30 и денеска е на листата на најпосакувани моторцикли.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK