Daimler крати 1.100 раководни места и ќе замрзне плати на 300.000 работници

ОБЈАВЕНО НА:

Daimler ќе скрати 1.100 раководни места ширум светот, или околу 10 % од персонал во менаџментот, објави во петокот германскиот весник „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на билтен што го објавил работничкиот совет на компанијата. Исто така ќе бидат замрзнати платите на околу 300.000 работници во Германија.

Новиот извршен директор на Daimler се очекува да достави ажурирање на стратегијата на компанијата на 14 ноември, што може да вклучува мерки за ограничување на трошоците, се вели во соопштението.

Daimler објави дека работат на анализа на трошоците, за производителот на автомобили да остане конкурентен во иднина. Деталите ќе бидат откриени кога ќе бидат презентирани финансиски резултати.

„Во моментов сме во конструктивни разговори со претставници на вработените и не можеме да ги коментираме шпекулациите“, велат од Daimler за гласините за отпуштање од работа.

Компанијата направи резервација од 2,6 милијарди евра за покривање на трошоците поврзани со дизелските трошоци во првата половина на 2019 година, откако германскиот регулатор KBA нареди повлекување на 60.000 возила од модели GLK, тврдејќи дека возилата користеле нелегален софтвер за мотори.

Како и да е, од компанијата одбиле да откријат детално колкав дел од износот е наменет за дополнителниот повик на сервис, ажурирања и потенцијални казни и парници. Покрај тоа, Daimler претрпе нето загуба од 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди американски долари) во вториот квартал, што е нејзина прва тримесечна загуба за 10 години.