Daimler: 18.500 работници одат на скратено работно време

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите германски прозиводители Daimler прави драстичи промени во организацијата на работата на прозиводствените погони. Причината за тоа е недостатокот на чипови поради што се лимитирани производствените активности.

Токму поради таа причина, 18.500 работници се префрлени од цело, на скратено работно време. Со оваа одлука опфатени се работниците од фабриките во Бремен и Раштат, а на овој начин ќе работат најмалку една недела иако некои германски медиуми објавија дека ваквиот начин ќе трае минимум еден месец со можност за продолжување.

“Во моментов има глобален недостаток на компоненти” изјави портпаролот на Daimler. Тој, за AutoNews доаде дека ситуацијата е сериозна и не може да даде предвидување за импактот на оваа криза и до кога истата ќе трае.

Минатата недела Peugeot објави дека ги враќа аналогните инструменти на кластерот токму поради недостатокот на чипови, а поради истиот, Nissan привремено го прекина производството во неколку фабрики во Јапонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK