Во Mercedes се отпуштаат работници и нема веќе ноќни смени

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Mercedes сака да укине повеќе од 1.000 работни места. Слични мерки веќе се спроведени во германските фабрики лоцирани во Зиндлфинген и Бремен. Соочени со силен пад на нарачките, покрај најавеното укинувањ ена работни места ќе има и намалени часови во ноќните смени во една од своите германски фабрики, пишуваат германските медиуми.

Веста одекна како гром бидејќи важна гранка на светски познатиот производител на автомобили во Дизелдорф ја завршува ноќната смена во производство од октомври. Но, тоа не е се.

Дополнително, сите привремени работници треба да останат без работа. Оваа одлука не е изненадување, туку реакција на тековната аверзија кон купувањето што им прави проблеми на многу компании ширум светот.

Фокусот е особено ставен на фабриката за комби возила на Mercedes-Benz во Дизелдорф, која се смета за најголема од ваков вид во светот. Таму ќе бидат отпуштени околу 1.200 привремени работници. Иако Mercedes нагласува дека тоа нема да има влијание врз нивната постојана работна сила, тоа е сериозен удар за многу работници кои работат за групацијата на определено време.

Сепак, мерките не го засегаат само Дизелдорф. Минатата година ноќната работа беше прекината во фабриката во Зинделфинген. Фабриката во Бремен, исто така, беше принудена да го прилагоди производството од други причини.

Веста за масовни отпуштања во Mercedes-Benz е предупредување за целата индустрија и ја нагласува сериозната ситуација во која се наоѓаат многу компании, пишуваат германските медиуми.

Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и какви последици ќе има врз германската економија во целина, пишуваат германските медиуми.

Извор: seebiz

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK