Австрија ги поскапе вињетките за автопатиштата – казната за непоседување е 120 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Ако патувате во Австрија треба да знаете дека се паскапени вињетките за користење на автопатиштата во таа земја. Годишните вињети купени во 2022 година за Австрија и Швајцарија важеа само до вчерас – 31 јануари 2023 година. Ова исто така важи и за дигиталните годишни вињети за Австрија.

Новата цена на годишната вињета за автомобил сега е 96,40 евра (+ 2,60 евра), за два месеци – 29,00 евра (+ 80 центи), а десетдневната налепница сега чини 9,90 евра (+ 30 евроценти) . Мотоциклистите исто така мора да брцнат подлабоко во своите џебови – годишната вињета сега чини 38,20 евра (+ 1 евро), двомесечната вињета 14,50 евра (+ 40 центи) и десетдневната – 5,80 евра (+ 20 центи).

Кој нема валидна вињета треба да очекува високи казни. Најскапа е казната е во Словенија каде доспеваат и до 500 евра. Во Австрија ќе ве чини најмалку 120 евра – двојно повеќе од порано. Во Швајцарија мора да се платат 200 франци плус трошоците за вињета.

Во Австрија има исклучоци од обврската за вињета. Не се наплаќа патарина на следните делови од автопатот во Австрија – A1 Westautobahn (граничен премин Валсерберг до Салцбург-Север), копно Салцбург – A12 Inntal Autobahn (граничен премин Киферсфелден до Куфштајн-Суд), Тирол – А14 (граничен премин Хорбранц до Хоенемс), Форарлберг. Нема вињета ни до крстосницата 23 Hohenems Diepoldsau – A26 (Linzer Autobahn – моментално во изградба, вклучувајќи го и новиот висечки мост на Дунав), Горна Австрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK