АНКЕТА: Македонците се уште најмногу сакаат бензинци и дизелаши

ОБЈАВЕНО НА:

Дури 67,77 отсто од испитаниците се изјасниле дека би купиле возило со класичен мотор со внатрешно согорување.

Додека во европски и светски рамки расте бројот на корисници што се повеќе се префрлаат на возила на хибриден погон или електрични превозни средства во Македонците се уште се традиционалисти. Во анкетата спроведена во текот на 6 дена на www.24auto.mk најголем број од испитаниците од 1207 гласања, се изјасниле дека повеќе им веруваат на моторите со внатрешно согорување.

На прашањето „Ако сега би купиле автомобил, тој би бил со?, дури 35,21 отсто од испитаниците изјавиле дека би купиле возило со бензински мотор.
При одговорот како опција имаше пет одговори: бензински мотор, дизелски мотор, хибрид, плаг-ин и електричен мотор. Немаше ограничување дали е тоа нов или половен автомобил, туку се бараше да се види расположението на купувачите ако би требало да решат да купат возило, што повеќе преферираат.

Веднаш зад оние што повеќе преферираат бензински мотори се наоѓаат лицата што би купиле возило со дизелски мотор – 32,56 отсто. За оваа опција се изјасниле 393 лица од вкупно 1207 колку што учествувале.

За хибридите и електричните возила се изјасниле над десет отсто, со тоа што хибридите се попопуларни – 17,9 отсто (216 гласа), а за електричен мотор би се определиле 11,02 отсто (133 гласа)

Најмалку популарни с еплаг-ин хибридите кои добиле смао 40 гласа, односно 3,31 отсто од гласовите.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK