Знаете ли кој е најпродаваниот модел на Fiat? Не е 500, не е Panda..

ОБЈАВЕНО НА:

Не, не е тоа Fiat 500 или попознато како Фиќо. Не е ниту Panda кој сигурно многумина би типувале на него. Најпродаван модел на овој италијански производител е моделот Uno со продадени повеќе од 10 милиони примероци.

Во понудата на Fiat овој модел беше претставен во 1982 година, а во производство влезе веќе следната година. Дизајнот на првата генерација е дело на Џорџето Џуџаро, а истата се произведуваше во седум фабрики ширум светот: Торино (Италија), Крагујевац (Југославија), Преторија (Јужна Африка), Бетим (Бразил), Тичи (Полска), Манта (Еквадор) и Казабланка (Мароко).

Првата генерација под брендот на Fiat се произведуваше и продаваше се до 1995 година, но производството и продажбата продолжи и во останатите земји и континенти. Овој модел во понудата бил достапен со 13 бензински и три дизелски мотори. При тоа во зависност од пазарот, достапни се повеќе верзии, со некои естетски варијации.

Fiat Uno (front), Jimbaran.jpg

Овој модел и денес се продава во Јужна Америка. Така во 2010 година беше претставена новата генерација која ја носи и додавката “Novo”. Развиен е во соработка со центарот на дизајн на Fiat во Бразил и Торино. Иако постојат шпекулации дека Uno ќе биде дел и од европската понуда на Fiat, засега нема никакви најави дека во блиска иднина ќе го видиме овој модел и во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK