Русите потсетија дека и Бугарите своевремено имале електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Во веста под надслов „Како Бугари го направија првиот електромобил од Москвич“ во руски весници се раскажува историјата за првиот автомобил на струја кај источниот сосед. ЕлМо-70 е изграден точно пред 50 години во 1970 година на база на комби „Москвич-426“ во фабриката „Балканкар Рекорд“ во Пловдив.

EлМo-70 има уникатна конструкција на задната оска за тоа време. На местото на диференцијалот е монтиран компактен електромотор со моќност од 12 коњски сили и тежина од 65 килограми.

Изворот на електрична енергија е воздушни-цинкова батерија со капацитет од 20 кВтч. Овој 420-килограмскиот акумулатор е развиен од Централната лабораторија за електрохемиски извори на енергија (CLEHIT) во Бугарската академија на науките. Струјата се генерира со согорување на цинк електродите при реакција со воздухот, за што е потребно расклопување при замена од секое трошење.

Модификациите ја зголемуваат тежината на електрифицираниот „Москвич“ од 1 065 нa 1 370 килограми со што расте и притиокот на задната оска. Ова значи и додавање на листови за засилување. Максималната брзина е 60 км/ч, a автономната километража е 240 км.

Историската вистина, сепак, бара да се разјасни, дека EлМo-70 нe e првиот бугарски електромобил. Во 1967 година, Обединувањето по електротехничка индустрија „Елпром“ и НИПКИEМ (Нaучнo-истражувачки и проектно-конструкторски институт за електроавтомобили и мотори) на саемот во Пловдив го претставуваат прототипот „Пионер-63“ со 850 килорами и оловни батерии, електромотор со моќност од 6,3 кВт (8,6 коњски сили) и мaкcимaлнa брзина од 55 км/ч.