Најбезбедните мали семејни автомобили според EuroNCap

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од важните инструменти на производителите во своите маркетиншки кампањи е безбедноста на возилата. Од една страна така се потврдува квалитетот, а од друга страна и на купувачите им се влева голема доза на доверба. Постојано се зголемуваат критериумите и со секоја генерација на возила се повеќе истите се построги, но и возилата ги исполнуваат. Нијаси решаваат, а тие нијанси многу значат.

Според резултатите остварени на краш тестовите спроведени од страна на EuroNCap, направено е рангирање на петте најбезбедни мали семејни автомобили. Кога ќе ги видите резултатите сигурно ќе бидете изненадени од некои модели што ќе ги видите високо на листата, и од некои за кои сте очекувале, а сега ги нема.

Рангирањето на овие автомобили е прикажано во продолжение

5. Subaru XV

Уште од 2017 година Subaru XV се држи на висока позиција кога е во прашањет безбедност. Со 94% скор во поглед на безбедноста на возрасните и 89% на децата, овој автомобил со право е најбезбедниот Subaru автомобил.

4. Toyota Corolla

Хечбек изведбата на новата генерација од Toyota Corolla е најбезбедниот автомобил на Toyota и четврти во конкуренција на мали фамилијарни автомобили. Тоа е така поради скорот од 95% во поглед на безбедноста на возрасните, 84% во поглед на безбедноста на децата, 86% скор за безбедност на пешаците и 77% скор во поглед на безбедносната аситенција на возачот.

3. Mazda 3

Моделот 3 на Mazda е на третата позиција. Со основно ниво на опременост овој автомобил се најде на третата позиција откако без проблем освои три ѕвезди на краш тестот. Најдобар скор оствари во поглед на безбедноста на возачот односно возрасните и тоа високи 98%.

2. Skoda Scala

Иако Skoda Scala забележа послаб скор во однос на Mazda 3 во поглед на безбедноста на возрасните, благодарение на останатите одлични перформанси најновиот модел во понудата на чешкиот производител се најде на одличната втора позиција.

  1. Mercedes A Class

Апсолутен владител на оваа листа е новата А класа на Mercedes. Како дефиниција за безбедност, овој автомобил оствари скор од 96% во поглед на безбедноста на возрасните, високи 91% во однос на безбедноста на децата, 92% за безбедноста на пешаците и 75% во поглед на безбедносната асистенција.