Му се исполни желбата: Том Хенкс ќе добие Fiat 126p (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Сѐ започна пред една година кога познатиот актер на својот твитер профил објави фотографија како стои покрај стар Fiat 126p и напиша – „Добив нов автомобил“. Една година подоцна желбата му се исполни. Жителите на полскиот град Биелска-Биала собраа пари за реставрација и модификација направена во познатата тјунинг компанија Carlex Design.

Проектот е организиран поради собирање пари за педијатриската болница во Биелско-Биали, а се тргнало од Моника Јасколска. Таа заклучила дека на Том Хенкс му треба Fiat 126p што во периодот од 1973 до 2000 година се произведувал во погоните во фабриката во нивниот град и долго време беше еден од најпопуларните модели во Полска.

Откако возилото било купено, неговата реставрација и модификација била направена бесплатно од страна на Carlex Design, а резултатот е уникатен примерок на возило чија внатрешност е обложена со кожа и украсена со неколку детали.

Сите средства што биле собрани на оваа весела манифестација кога бил претставен моделот биле уплатени на сметката на педијатриската болница. А возилото наскоро ќе му биде испорачано на Том Хенкс. Во јануари годинава полскиот авио превозник LOT објави дека бесплатно ќе го транспортира моделот во САД за да може да му биде врачен на актерот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK