Полски град му подарува Fiat 126 на Том Хенкс

ОБЈАВЕНО НА:

Овој модел беше најпродаван автомобил во време на комунизмот, па и денеска се уште може да се види на улиците во некои земји од источниот блок.

Полскиот град Биелско-Биала сака да му подари на Том Хенкс автомобил Fiat Polski 126, мало возило произведено во 1974 година во тој град и многу популарно во Полска. Ваквата одлука доаѓа откако познатиот американски актер лани се фотографираше со овој автомобил во Будимпешта и напишал дека многу сака да го поседува.

Автомобилот што треба да биде подарок за Хенкс бил купен во Сувалки (град во североисточна Полска) за 8.500 злоти (околу 2.000 евра), благодарение на Рафал Соник, рели возач на квадрицикл, и прв Полјак што победил на релито Дакар.

Возилото е веќе во градот и локални работници се обидуваат да го реставрираат, за да може да му подари на актерот и да изгледа како нов. Реставрацијата, со користење на оригинални делови ќе чини меѓу 7.100 и 9.500 евра.

Fiat 126 е возило со погон на задните тркала и може да развие брзина од 105 км/ч, беше создадено како замена за Fiat 500 во 1972 година. Покрај проблемите со палењето, особено во зимскиот период поради ниските температури, имаше и проблеми со брзото пропаѓање на каросеријата. Но, сепак се работеше за не многу сложен мотор и едноставен за одржување.

Во Полска, под лиценца на Fiat овој Fiat Polski 126 се произведувал во периодот меѓу 1973 и 2003 година, и имало повеќе од четири милиони продадени возила, и беше еден од најчестите автомобили што со декади можел да се види на патиштата во Полска. Се извезуваше и во други земји, најчесто од Источна Европа: Чехословачка, Унгарија, Југославија, Бугарија, Источна Германија, па дури и Азија како Кина и Виетнам.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK