Ferrari по цена на Yugo…

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari по цена на Yugo. Да, добро читате, а ако се обидувате да го пронајдете овој автомобил на македонските сајтови за купување и продавање на автомобили тогаш залудно ќе го потрошете времето.

Оваа несекојдневна понуда се наоѓа во Кина, а британскиот весник The Sun ја открива целата приказна околу овој автомобил.

Имено станува збор за автомобил кој учествувал во сообраќајна несреќа, а кинеската полиција го заплени поради тоа што сопственикот користел лажна регистарска табличка. Поради тоа судот во Донггуан во јужниот дел на Кина донесе одлука истиот да се даде на аукција. Почетната цена изнесува 2.430 кинески јуани што конвертирано во фунти изнесува 274 фунти. На оваа почетна цена се одобрува 30% попуст.

Отежнувачки околности во целата оваа приказна е тоа дека следниот сопственик ќе мора со овој автомобил да ја плати и казната од 10 илјади јуани, а при тоа нема да може да го вози автомобилот на јавните патишата на земјата.

Оттука и многу ниската цена која кинескиот суд ја бара за овој автомобил. Идниот сопственик ќе може само да го гаражира или распродаде на делови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK