Еве по што Exeo е исклучок од останатите модели на SEAT

ОБЈАВЕНО НА:

Exeo е модел на SEAT кој шпанскиот производител го воведе во 2008 година. Како последен модел од Д сегментот на SEAT, овој модел беше кратко во понуата и тоа само едне генерација т.е. до 2013 година.

Моделот се темели на B7 платформата развиена во целост од страна на Volkswagen Групацијата, а оваа платформа ја користат и Audi A4 и Volkswagen Passat.

Но што е она што го прави овој модел исклучок во однос на останатите модели на шпанскиот производител?

Тоа е името! SEAT традиционално, со децении на своите модели доделува имиња од некои шпански градови. Така моделите Leon, Arona, Ibiza, Leon од актуелната понуда, но и Arosa, Cordoba, Toledo, Altea, Ronda итн. се всушност називи на шпански градови. Exeo е само еден од неколкуте модели кои не ја следат номенклатурата на SEAT.

Името Exeo е одбрано од соодветниот латински збор што во буквален превод значи “да се оди понатаму (подалеку)”.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK