Вакво Lamborghini има само во Лондон – целото е со кристали Swarovski (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте го посетиле некогаш Лондон, тогаш ќе знаете дека во центарот на градот за неколку минути можете да пронајдете солиден број на возила од брендовите Lamborghini, Ferrari, но и другите егзотични автомобили.

Како треба за да се истакнете во такво опкружување најдобро знае Русинката Дарија Радионова, која својот Lamborghini Aventador SV одлучила да го обложи со кристали Swarovski! Можеби се сеќавате на Mercedesa CLS-a или црвеното Lamborghini Huracan обложени со кристали?  Тие модели исто така ја имаа истата сопственичка која центарот на Лондон не може да го помине без да биде незабележана.

Најновата креација можеби е најимпресивна од сите со оглед на тоа што на Aventador SV „се монтирани“ дури два милиони кристали Swarovski! Притоа се внимавало на сите детали, па дури и страничните ознаки на моделот се направени од кристали. Работата ја одработи компанијата Cars in Cloaks од Лондон, а кристалите се монтирани рачно при што целиот процес траел преку 700 часа.

Едноставно ти доаѓа, д аго грабнеш возилото и да бегаш!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK