Како автомобил со автоматски менувач да троши помалку?

ОБЈАВЕНО НА:

Автоматските менувачи нудат полесно возење, но во исто време тие се и причина за зголемување на потрошувачката на горивото. Независно од тоа дали се класични, роботизирани, секвенцијални или варијабилни менувачи, недостатокот од трет педал го прави возилото понекономично. Oд друга страна комфортот за возење е значително повисок и поголем број на луѓе освен ако не се од групата на улични тркачи, кои претпочитаат автомобили со автоматски менувачи.

Затоа се поставува прашањето како да возите автомобил со автоматски менувач и да троши помалку?

Сосема реално е да се намали потрошувачката на автоматскиот менувач со 10-15%, а тоа зависи само од начинот на кој возите. Прво треба да знаете дека повеќето од современите автоматски менувачи располагаат со неколку режими, кои освен тоа се и од типот на самообучувачки.
Ако изберете „еколошки“ режим и ако автомобилот го возите така подолго време преносот ќе се „навикне“ да ги менува брзините при пониски вртежи и ќе го користи оваа нова умешност и во другите режими.

Ако немате режими на автоматски менувач и ако тој не е самообучувачки тогаш ќе треба да се справувате со ситуацијата со сопствени сили. Тоа значи дека треба да си „играте“ со педалот за гас. Ако го држите притиснат до крај, вртежите ќе се кренат многу пред да се префрли во друга брзина. Ако при достигнување на 2000 вртежи во минута лесно го пуштите педалот за гас, автоматикот брзо ќе префрли во повисока брзина.
Идејата е да го држите автомобилот во вртежи кои не се повисоки од 2500 во минута. Тогаш е најекономична. Дури и при стартување на семафор, знакот за проверка на вртежите не треба да ја надминува бројката 3.

Ако се движите надвор од град треба да знаете дека најекономична брзина е 80 км/ч. Сепак, на магистрала оваа брзина е прениска и за оптимален расход не треба да надминувате 120 км/ч или повторно следете го бројот на вртежите кои треба да бидат меѓу 1500 и 2500 во минута. За остварување на целта не притискајте нагло на гаста. При „kickdown“ потрошувачката на горивото драстично се зголемува. Ако ги следите овие правила, тогаш од точката А до точката Б може да пристигнете десетина минути побавно, но можете да ја намалите потрошувачката на гориво за 20%.