РАМНОПРАВНОСТ: Германците не сакаат царина за кинеските возила

ОБЈАВЕНО НА:

Германија сака еднаква конкуренција, а не трговска војна, изјави министерот за транспорт Фолкер Висинг во врска со истрагата на Европската комисија за увозот на електрични автомобили од Кина, што може да резултира со казнени царини.

„Не сакаме да го затвориме пазарот, сакаме да се натпреваруваме, изјави министерот од партијата ФДП во интервју за Stuttgarter Zeitung и Stuttgarter Nachrichten, објавено во средата.

„Германската влада мора да обезбеди амбиент што ќе им овозможи на компаниите да продолжат да создаваат додадена вредност во нивната матична земја и да ја бранат својата позиција во меѓународната трговија, објасни Висинг.

„Затоа сакаме меѓународна трговија во еднаква и стандардизирана конкурентна средина, а не трговска војна преку казнени царини, додаде министерот.

Според него, ова е исклучително важно за земја како Германија, која многу се потпира на глобалната трговија.

„Произведуваме за цел свет и сакаме да го правиме тоа во иднина. Кога станува збор за квалитетот на нашите производи, нашата меѓународна позиција е одлична, тврди тој.

Европската комисија минатата есен отвори истрага за да утврди дали кинеските извозници на електрични автомобили имаат корист од субвенциите. Според ЕК, кинеските возила обично се околу 20 отсто поевтини од оние произведени во ЕУ. Истрагата може да резултира со наметнување казнени тарифи.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

Warning: A non-numeric value encountered in /home/qegxldjb/public_html/wp-content/themes/24auto_NEW/includes/wp_booster/td_block.php on line 353

24AUTO NETWORK