VW Scirocco се враќа како електричен автомобил – AutoBild го открива можниот изглед

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години моделот Scirocco не е дел од понудата на Volkswagen. Најавената електрификација повторно ќе го оживее овој спортски хечбек на германскиот производител. Повеќе германски медиуми веќе неколку месеци пишуваат за враќањето на овој модел во понудата.

Последен во низата е познатиот AutoBild кој објави е видео рендер на својот официјален YouTube канал најавувајќи го овој автомобил како целосно електричен хечбек.

Од рендерот може да се забележи дека инспирацијата доаѓа од првата генерација на VW Scirocco која датира од средината на 70-те години. Формата е идентична, додека дизајнот може да се каже дека е целосно нов и не ја следи актуелната дизајнерска филозофија.

И за крај, треба да се напомене дека ова е неофицијален дизајн, а производителот од Волфсбург се уште го нема потврдено доаѓањето на четвртата генерација на овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK