Кои автомобили ќе бидат во филмот „Брзи и бесни 9“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Деветтото продолжение од „Брзи и бесни“ ќе се појави во кино салите во САД на 25 јуни и после неколку трејлери, веќе е познат поголемиот дел од автомобилите, кои ќе бидат управувани од главните херои во филмот.

За оние кои го следат филмот е познато дека во последните години сцените со автомобилите се лесно изменети од оние во првите три дела и модификациите со нив, доста се разликуваат од реалноста.

Еден од главните ликови, Доминик Торето (Вин Дизел) не се изневерува себе си и може да биде виден во класичниот Dоdgе Сhаrgеr cо доста модификации, како и понова верзија на истиот модел.

Во трејлерите може да биде видено уште и присуство на Tоyоtа Suprа Mk5 во боја која е слилна на онаа на RX-7 од Tоkyо Drift.

Сhеvrоlеt Nоvа SS oд 1969 година ќе биде втора од класиците, која ќе биде управувана од девојката на Торето, додека неговиот брат (во улогата е Џон Сина) ќе се најде зад воланот на Shеlby GT350. Импресивни се исто така и доста блиндирани возила, како и неколку акробации со мотори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK