People work on the assembly line of Wuling Hong Guang MINI EV in Qingdao in east China's Shandong province Wednesday, Feb. 17, 2021. The SAIC-GM-Wuling joint venture sold 25,778 units of Mini EV in January, the most popular all-electric car in China.,Image: 591735729, License: Rights-managed, Restrictions: CHINA OUT, Model Release: no, Credit line: ZHANG JINGANG / Newscom / Profimedia

Најевтиното возило чини 3.700 евра – Паѓаат цените на електричните автомобили во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Она што на Стариот континент се одвива побавно отколку на исток на планетата, донесе пониски цени за електромобилите. Пред сè станува збор за цените на возилата, кои во Кина доживеаја пад што не е случај во Европа каде што уште се високи. Уште повеќе, доколку автомобилите на струја со потекло од Кина би добиле дозвола да се продаваат во Европа би ги загрозиле произведувачите од континентот.

Според анализата направена од компанијата Јато Динамикс дури и европските модели кои се продаваат во Кина почнаа да ја губат популарноста поради високите цени.

Просечните кинески возила на струја паднаа од околу 40.000 на 22.000 евра. Брендовите кои предничат се: Nio, Ora и Wey. Најевтиното возило на струја таму чини 3.700 евра, а поради споредба најповолниот е-автомобил во Европа е над 12.000 евра. Исто така просечната цена на е-возила во Европската унија од 2011 година порасна за 10.000 евра и изнесува околу 42.000 додека во САД е околу 36.000 евра.

Кинеските произведувачи на електрични автомобили во овој момент имаат голема предност над европските. Засега тоа е голем проблем за брендовите од Европа кои настапуваат на пазарот во Кина, но заостанувањето би можело да се покаже многу поскапо на европскиот пазар.

Porsche и Mercedes имаат своја публика и секогаш ќе ја имаат, но во сегментот на возила за масовна публика, Кинезите се во предност. Цената на нивните електрични автомовили толку падна што владата во Кина ги смали субвенциите за нивно купување. Дури и новиот СУВ ID.4 на Volkswagen се соочи со сериозни проблеми во Кина каде што бројките не му се идеални.

За побрза и помасовна електрификација секако треба да паднат цените на возилата и да се подобри инфраструктурата на полначи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK