Во мај годинава премиерно ќе биде претставен моделот Fabia која е последниот модел на чешкиот производител кој се уште не е обновен. Оваа информација официјално ја потврдија претставници на Skoda на прес-конференција за новинарите.
Веднаш потоа повеќето германски медиуми објавија дека караванската изведба на овој модел ќе биде претставена на почетокот на 2023 година кога ќе влезе и во производство.
Информации околу должината и капацитетот на багажниот простор како и останатите технички податоци се уште недостасуваат. Потврдено е дека ќе ги има истите мотори како и хечбек изведбата т.е. вкупно пет различни бензински мотори. Четири од нив се 1,0 литарски со по 65, 80, 90 и 110 КС како и најмоќниот 1,5 литарски со 150 КС. При тоа во понудата ќе бидат достапни два мануелни (5 и 6 степен) и еден 7 степен автоматски менувач.
Инаку актуелната генерација на Fabia датира уште од 2015 година, истата година кога беше претставена и караванската верзија чија должина изнесува 4,257 мм.