Кампања на Autoto: Продај го возилото – добиј пари за 24 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Ми-Да Гранд Моторс заедно со Autoto почнаа нова кампања за откуп и комисиона продажба на користени возила од сите брендови, чија прва регистрација е во Македонија. Возилата, не постари од 12 години, се изложуваат во салонот на Autoto и се продаваат под слоганот „Сигурни автомобили, среќни возачи“.

Сакате да купите ново или половно возило, но притоа сакате прво да го продадете вашиот автомобил што досега го поседувате. Сега можете да го сторите тоа со кампањата што ја има Autoto, и парите да ги добиете во рок од 24 часа. А потоа, да си купите нов автомобил или да си ги трошите парите.

Autoto има развиено продажна мрежа на користени возила во неколку балкански држави – како Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Во Скопје е дел од Ми-Да Гранд Моторс кој е застапник за брендовите Ford и Hyundai.

Ми-Да Гранд Моторс заедно со Autoto почнаа нова кампања за откуп и комисиона продажба на користени возила од сите брендови, чија прва регистрација е во Македонија. Возилата, не постари од 12 години, се изложуваат во салонот на Autoto и се продаваат под слоганот „Сигурни автомобили, среќни возачи“.

Според Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс, сите возила што ги откупуваат поминуваат проверка кај овластен сервис, при што се прави и проценка на вредноста на возилото.

„Нудиме одлични услови, односно имаме брза проценка на вредноста на возилата и ги откупуваме по реална пазарна цена. Исплатата на парите е во рок од 24 часа и откупната цена која ја договараме целиме да биде атрактивна за сопственикот на возилото. Возилата треба да исполнат неколку услови. На пример да не е увезено, односно првата регистрација на возилото да е во Македонија. Потоа да не е постаро од 12 години. Се разбира треба да е во возна состојба и да не е под залог“, вели Заири од Ми-Да Гранд Моторс.

Autoto има развиено продажна мрежа на користени возила во неколку балкански држави – како Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

Со воведување на можноста за комисиона продажба на возилата, Заири објаснува дека обезбедуваат продажна услуга за оние сопственици што сакаат самостојно да ги продадат користените возила. Односно, сопствениците имаат можност возилата да ги изложат во салонот на Autoto и да добијат професионална помош од продажните агенти во салонот.

Возилата што се во продажба во салонот на Autoto може да се видат и на Фејсбук страната https://www.facebook.com/autotomk. Сопственикот има можност кога ќе го остави своето возило да одбере и да купи некое од изложените возила во салонот на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK