Забрането носење батерии во багажот во авионите

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина ако решите да патувате со авион, особено ако станува збор за прекуокеански лет и со линијата оперира компанија од САД при чекирањето на багажот можно е да ви бидат одземени некои предмети, односно да биде побарано истите да ги земете со седен во авионската кабина.

Американската федерална авионска администрација (ФАА) го прошири списокот со предмети, чиј превоз со патнички авиони е забранет. Новите правила не дозволуваат присуство на јон-литиумски батерии во багажот на патниците, соопшти NBC. Уредите, кои користат такви батерии исто така ќе можат да се земат во кабината.

Во иднина јон-литиумските батерии ќе можат да се транспортираат само со товарни летови, така што нема да надминува 30 отсто од капацитетот. Целта е да се намали ризикот од запалување што може да има штетни последици за авион.

FAA сметаа дека ако батериите се запалат во патнички дел, патниците или екипажот може брзо да го изгаснат огнот и да се неутрализира со помош на постојните апарати за гасење. Противпожарните системи има и во складиштата на авионите, но како што покажува практиката, не се толку ефективни.

Според некои експерти, промените во правилата можат да доведат до тешкотии во испораките на јон-литиумските батерии при што превозот повеќе може да се изврши само со товарни летови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK