Kia повлекува 380.000 возила во САД и Ј.Кореја – имаат ризик од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД, NHTSA постојано ги испитува и истражува автомобилите кои се продаваат во оваа земја. Истите, како нови и како половни, се подложи на строги тестови, а најлошото сценарио за производителите на автомобили е наредбата за повлекување на возилата, односно потребата за повик во сервис за да се отстрани некој проблем што е детектиран.

Токму таква наредба доби Kia Motors која во наредниот период ќе повлече дури 380.000 возила. Се работи за возила од моделите Sportage и Cadenza кои се повлекуваат поради ризик од пожар во делот каде што се наоѓа моторот.

Спорните втомобили се произведени во периодот од 2017 па се до почетокот на ова година. На сите сопственици на модели произведени во овој период Kia веќе испрати известување за одење во сервис и начинот на кој ќе се спроведе тоа.

Исто вакво известување Kia испрати и на сопствениците на овие мдоели во Јужа Кореја. Треба да се напомене дека досега се нема случено да се појави пожар кај некои од наведените автомобили па оттука ова повлекување е повеќе од превентивен карактер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK