Suzuki Jimny со новитет – доаѓа со пет врати (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новото Suzuki Jimny  ќе се појави на невообичаен начин. Малиот теренец ќе стане уште попрактичен и дури ќе ги израдува сите со својата цена. На многумина малиот теренец Suzuki Jimny им се допаѓа и тоа на сите пазари каде што е претставен, а секаде има колони од купувачи. Сега ќе има повеќе луѓе, кои сакаат да купат Suzuki Jimny со појавата на каросерија со пет врати.

Ваква информација за машината не се појавува првпат, но сега производителот е веќе подготвен да го пушти на производствена линија. Претходно се појави првата фотографија на Suzuki Jimny со пет врати, но беше тешко да се процени безбедноста. Вистинскиот автомобил многу е веројатно да изгледа така, што значи дека купувачите ќе добијат истовремето внатрешност со пет седишта и доста просторен багажник.

Новата варијанта ќе има атмосферски, 1.5-литарски, бензинов мотор со 105 коњски сили и 138 Нм вртежен момент. Погонот е секако на сите тркала. Се очекува цена од 14.000 долари, која ќе биде доста привлечна за целосно пратично СУВ возило со интересен дизајн, но има нијанса.

Прво, производството ќе биде во индиските објекти на Maruti Suzuki, каде што се склопуваат автомобили за локалниот пазар. Се планира и изност, најверојатно за други страни со движење на левата страна и „десен волан“. Но во случај на успешни продажби и интересн од страна на потенцијални купувачи, новиот Jimny има шанси да прерасне во глобален модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK