Нафтата поевтинува поради одлуката на Трамп за стимулации

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на нафтата денеска паднаа откако Доналд Трамп, претседателот на САД ги разби надежите за четвртиот пакет на стимулации за засегнатите од коронавирусот во економијата, а американските залихи на сурова нафта се поголеми од очекувањата. Утринава нафтата од брендот Брент поевтини за 1,5 отсто на 42,01 долар за барел, а ВТИ поевтини за 1,8 отсто под 40 долари за барел (39,93 долари).

Претседателот Трамп, кој сè уште се лекува од Ковид-19, во вторникот имаше состанок „еден на еден“ со демократите за нови економски пакети. Цената на нафтата подлежи и на притисок од податоците на Американскиот институт за нафта, според кои е залихите од сурова нафта се зголемиле со 951 илјада барели минатата недела – повеќе од очекуваното.

Пазарот на нафта паѓа по двонеделениот пик што го имаше откако Трамп го откажа договорот пред изборите за нови стимулации. Сепак загубите од снабдувачите е на ниско ниво. Енергетските компании се зафатени со евакуирање на работниците од некои од платформите откако ураганот Делта ги погоди производните полиња на американските компании во мексиканскиот залив што претставува 17 од вкупното американско производство.

Во меѓувреме продолжува штрајкот на нафтените работници во Норвешка – според планираното до 10 октомври, освен ако не се постигне договор. Шест полиња за производство на нафта и гас се затворени во понеделеникот намалувајќи го вкупното државно производството за 8 отсто.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK