SEAT ја објави Tоп верзијата на Ibiza со 150 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Шпанија, SEAT го најави пазарното лансирање на новата верзија на Ibiza, која нуди дополнителна динамика на патот благодарение на 1.5-литарскиот TSI мотор комбиниран со седумстепен DSG роботизиран менувач.

Новата понуда во модифицираното семејство на SEAT Ibiza ветува максимална моќност од 150 коњски сили и максимален вртежен момент од 250 Нм. Максималната брзина на движење на новата верзија на моделот е 219 км/ч, а првите 100 од нив можат да бидат достигнати од место за 8,2 секунди.

DSG модификацијата на SEAT Ibiza од 1.5-литри ветува исто така и балансирана потрошувачка на гориво, а од шпанскиот бренд коментираат бројки од 5,6 до 6,4 литри на 100 километри.

Амблемскиот за SEAT модел Ibiza може да се пофали со повеќе од 5,9 милиони продадени примероци, а во момементов се произведува во фабриката на компанијата во Марторел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK