Oбновената Lada што личи на Dacia нема да биде достапна во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот руски производител на возила AvtoVAZ соопшти дека наскоро ќе ја претстави втората генерација на моделот Largus.

Во пресрет на премиерата рускиот сајт kolesa.ru објави рендери од можниот изглед на новата генерација. Од рендерите се гледа дека новиот Largus и понатаму се темели на првата генерација од моделот Logan.

Во споредба со првата генерација, новата, втора, доаѓа со комплетно нов преден дел кој е позајмен од моделот Vesta. Тука е и малата измена на задниот дел, а измени се очекуваи во ентериерот, иако не е објавена слика од внатрешноста.

Lada Largus

Инаку моделот Largus во понудта на Lada е воведен во 2012 година. Се темели на B0 платформата на Dacia.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK