Фабриката во Трнава првата жртва на PSA Групацијата?

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата изминатите кризни месеци ги помина релативно стабилно и без посериозни загуби. Но, тоа не значи дека најголемиот француски производител нема да преземе ништо кога е во прашање штедењето на финансии.

Бројни француски медиуми повикувајќи се на сигурни извори од PSA објавија дека во наредниот период ќе биде затворена фабриката во словачкиот град Трнава.

Во оваа фабрика се произведуваат моделите Citroen C3 и Peugeot 208, а минатогодишното производство во оваа фабрика изнесуваше 371.152 автомобили. Годинава, за првите шест месеци произведени се само 72.000.

Производството на овие два модели се очекува да се трансферира во Франција, или пак во некои од фабриките на FCA во Полска или Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK