Стигна првиот McLaren што може да се вози на јавни патишта

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот тим Lanzante Motorsport кој со години учествува во тркачките активности на McLaren, за шест среќници ќе направи конверзија после која тркачкиот модел P1 GTR ќе може да е користи и на јавни патишта.

Овој тим вќе подолго соработува со McLaren, а меѓу најголемите успеси во соработката е првото место во генералниот пласман на легендарната трка „24 часа Ле Ман“ до која McLaren F1 GTR стигна во1995 година.

После неколку направени конверзии кои на добронамерните купувачи им овозможија да поседуваат McLaren F1 GTR кој може да се користи и на писта и на улица, во Ланзанте одлучија сличен концепт да користат и со хибридниот наследник чие тркачко издание се крие зад ознаките P1 GTR.

Lanzante Motorsport ќе го понуди P1 GTR во „цивилно“ издание во само шест примероци, а секој P1 GTR-18 ќе биде во една од „воените бои“, кои своевремено ја одликуваа каросеријата на тркачките верзии на моделот F1 GTR-97 на McLaren. Примерокот на фотографии на себе носи легендарна комбинација на бои кои ја претставија американската нафтена компанија Gulf.

За возачот и неговиот совозач тука се и слушалките за меѓусебна комуникација, а конкретен примерок (чија хибридна погонска група во тркачката конфигурација нудеше 1000 коњски сили) нарачал купувач од САД.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK