BMW ќе има „бубрези“ и кај електромобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најраспространетите и препознатливи решетки на ладилникот во автомобилската индустрија нема да биде пензионирана. BMW ќе продолжи да ги користи своите амблемски „бубрези“, големи или мали, дури и кога компанијата ќе има за цел да се насочи кон електричните модели.

BMW гледа кон иднината со три карактеристични производствени линии. Основните автомобили, високопроизводствени М модели и електрична серија i. И покрај тоа што секоја од нив е различна цел и база на клиенти од BMW велат дека компанијата нема за цел да создаде три различни идентитети.

„Сакаме да го зајакнеме BMW како бренд со помош на нејзините високопроизводствени и електрични модели“, вели Домагој Дукеч. Тоа значи дека и бубрежната решетка ќе биде задржана.

Огромните димензии на решетката на ладилникот на обновената серија 7 станаа објект на многу критики. Ситуацијата се влоши уште повеќе со претставувањето на BMW Соnсеpt 4 и BMW Соnсеpt i4, кои беа опремувани со масивни бубрези. Многу од денешните електромобили немаат традиционална решетка на ладилникот, каква би очекувале да најдете кај автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Електричните автомобили исто така имаат потреба за ладење, но кај нив има повеќе слобода на дејство со дизајнот.

Но, BMW сака да остане препознатлив според нивните решетки на ладилникот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK