Компанијата BMW поднесе барање за интелектуална сопственост за нова технологија, која дозволува брза промена на формата на воланот. Во најконтактната конфигурација кормилото ќе ослободува повеќе простор пред возачот за време на движењето во автономен режим.
Се смета дека воланот со променлива форма ќе се појави прво во сериската верзија на концептот BMW Visiоn iNеxt, презентиран на заемот во Лос Анџелес во 2018 година.
Во кормилото ќе бидат вградени и оптички влакна со помош на кои возачот ќе дознава дали автономниот режим е активиран или има потреба од него за управување на возилото.
Истражувањето на Универзитетот во Стенфорд од 2017 година покажува дека возачите на кои им било наложено да преземат контрола над управувањето во автономен режим реагирале многу побрзо на променетата форма на воланот отколку на светлосните сигнали. Од BMW сметаат дека оваа технологија може да се спроведе за 3-4 години.