Бесплатен зимски преглед за Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку поседувате возило Volvo, можете веднаш да закажете бесплатен зимски преглед на Вашиот автомобил. Оваа акција е од новиот дилер на Volvo во Македонија, фирмата Премиум АГС.

Зимате е еден период во годината кој често не повикува на разни авантури, а за нив најчесто го користиме сопствениот автомобил. Со цел, Вашето патување да биде безбедно, Премиум АГС ви препорачува превентивен преглед на автомобилот кој ќе покаже дека Вашето Volvo е беспрекорно.

За влажните, ледените и снежните денови во годината, секако е важно да посветите внимание на клучните елементи кој се битни за сигурно патување.

За оваа цел, за Премиум АГС подготви акциска понуда во која нуди детален превентивен преглед на автомобилот БЕСПЛАТНО! Истиот вклучува, проверка на автомобилот во 20 клучни копоненти од Вашето возило. Прегледот го вршат врвни сервисери, кои ќе го подготват автомобилот за зимата.

Повеќе информации на СЛЕДНИОТ ЛИНК

Следете не и на:

24AUTO NETWORK